Невил избра пет фудбалери кои веднаш би ги избркал од Манчестер јунајтед


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер Јунајтед загуби само два натпревари во последните девет, но победи само три во сите натпреварувања.

Ако го прашате Невил, составот на тимот е најголемиот проблем за Аморим кој нема играчи кои му се потребни за да ја игра “својата игра”.

„Тројцата кои играат напред не се доволно добри и двајцата бекови не се доволно добри. Пет играчи им се потребни. Раководството мора да му обезбеди на Аморим пет играчи кои се доволно добри за тој негов систем кој сака да го игра“, рече Невил.

Тие пет играчи се Расмус Хојлунд, Алехандро Гарначо, Џошуа Зиркзе, Диого Далот и Патрик Доргу.

Фото: Manchester United/FB