Невил му порача на Солскјер: Оле мора да реагираш, покажи му кој е главен на Роналдо!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед никако не може да победи на домашен терен, па се зголеми притисокот врз тренерот Оле Гунар Солскјер, а исто така Кристијано Роналдо тргна од клупата за резерви на мечот против Астон вила и разочаран го напушти теренот по ремито.

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Гери Невил е разочаран од односот на Роналдо кон тренерот по крајот на натпреварот и испрати јасна порака.

„Не ми се допадна однесувањето на Роналдо. Не бил среќен што не игра? Што не даде гол? Па сите ги знаеме тие работи, но не е фер да покаже незадоволство на таков начин. Тој испрати погрешна порака до навивачите и соиграчите. Оле мора да реагира и да му покаже кој е главен во клубот. За Солскјер нема дилема, мора да се грижи за себе и тимот, па мора да биде и себичен понекогаш“, вели Невил.