Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Поранешниот играч на Манчестер јунајтед јавно кажа дека е разочаран од однесувањето на дефанзивецот на Арсенал, Габриел, кој за време на прославата на натпреварот со Манчестер сити го исмеваше Ерлинг Халанд.
Гари Невил не можеше да го сокрие своето незадоволство откако го виде дефанзивецот на Арсенал, Габриел, како му се смее во лице на напаѓачот на „граѓаните“, Ерлинг Халанд, на натпреварот во кој „Топчиите“ го совладаа Сити со резултат 5-1.
Во својот подкаст, Невил рече: „Не ми се допаѓа тоа. Мислам дека е непочит. Знам дека Халанд денес беше ‘негативец’, но нешто во врска со тоа не ми се допадна. И јас сум правел многу работи во мојата кариера, но никогаш ова, никогаш не сум отишол и викал во лице на некој играч. Тоа малку ме вознемири“.