Невил со изјава ја потресе Англија: Солшер ќе игра со втор состав против Сити!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер сити и Ливерпул до последното коло жестоко ќе се борат за шампионската титула во Англија.

„Црвените“ во моментов се први на табелата со 85 бодови и имаат два бода повеќе од Сити, но и натпревар повеќе во однос на „граѓаните“.

Ливерпул на шампионска титула чека речиси 30 години и навивачите се надеваат дека конечно дојде време трофејот да биде донесен на „Енфилд“.

Жестоките коментари пред мечот веќе почнаа, а поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил ги налути навивачите, откако кажа дека Оле Гунар Солшер мора да ги одмори првотимците поради тешкиот распоред, кој го имаат.

„Ако загубат од Челси, а го победат Сити, тогаш ќе завршат во топ-4. Сепак, ако го победат Евертон во недела, оа ќе ги смени приоритетите кај Солшер. Не можеш да играш со исти фудбалери четири меча во 11 дена. Ако го победат Евертон, тогаш мислам дека против Сити ќе игра со втор состав“, вели Невил.