Невоља во рајот – Стигна Андре Гомеш, но заминува еден од најдобрите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дали доаѓањето на Португалецот значи дека за Хрватот ќе нема место во тимот?

Навивачите на Барселона ги израдува доаѓањето на Андре Гомеш од Валенсија, но истовремено ќе може да ги налути.

Ова утро агентот на Ракитиќ ги запали друштвените мрежи со пораката на Твитер „Време е да се оди понатаму“

Каталонските медиуми стравуваат дека ова значи заминување на Иван Ракитиќ од Барселона после 2 години.

Вистина, Луис Енрике има многу фудбалери во средниот ред, дури 8. Бускетс, Ракитиќ, Иниеста, Гомеш, Роберто, Туран, Рафиња, Денис Суарез и Сампер.

Луис Енрике е спремен да се откаже од Арда Туран, Роберто ќе игра како десен бек, но и покрај тоа Ракитиќ ќе има голема конкуренција со Гомеш, Денис Суарез и Рафиња.

Ракитиќ стигна во Барселона во летото 2014-та година од Севиља како замена за Сеск Фабрегас.