Невозможна мисија: Јуве дозна што треба да направи ако го сака Меси!

Во почетокот делуваше како шега, но сега не би било изненадување ако Лионел Меси по караницата со раководството ја напушти Барселона ова лето.

И понатаму не е јасно дали ќе замине како слободен фудбалер, иако има клаузула вредна 700 милиони евра, која уште е активна според Ла Лига.

Како следна дестинација на Меси се споменува Манчестер сити, но во игра се уште и ПСЖ и Јувентус.

Италијанските медиуми објавија дека управата од Торино го контактирала таткото на Меси, но негов ангажман нема да биде лесен, односно Јуве мора да исполни два услови.

Еден од нив е да го понуди Пауло Дибала на Барселона доколку се решат на трансфер, а вториот е неверојатен и го вклучува Кристијано Роналдо, односно тие ќе мора да го продадат.

Вакво сценарио е невозможно според многумина, па Јувентус најверојатно ќе се повлече од борбата за потписот на Меси.