Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во текот на синоќешниот меч од германската Бундеслига меѓу Нирнберг и Борусија Дортмунд уште еднаш можеше да се забележи незадоволство кај германските навивачи.
Навивачите и претходно се бунеа против вечерните термини на натпреварите во понеделник, а пред почетокот на споменатиот меч, тие фрлаа црни топчиња на теренот.
Управата на Фудбалскиот сојуз на Германија реши да излезе во пресрет на навивачите, но не веднаш, туку од сезоната 2021/2022.
До таа сезона е потпишан договор за ТВ-права, кои вклучуваат натпревари во понеделник навечер и поради тоа треба да се испочитува договорот, кој е вреден 4,65 милијарди евра.
Навивачите во Германија не се задоволни со договорот, за кој нив никој не ги праша дали им се допаѓа идејата за вечерните термини на натпреварите.