Незадоволството расте: Роналдо нападнат и понижен од навивачите на Ал Наср


Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓


Нова сезона без трофеи не им се допадна на навивачите на Ал Наср кои го најдоа главниот виновник во Кристијано Роналдо.

Навивачите на тимот од Саудиска Арабија му завртија грб на својата најголема ѕвезда, и тоа поради фактот што повторно не освоија ништо.

Роналдо во зима 2023 година се приклучи на екипата која девет пати била шампион на Саудиска Арабија, по заминувањето од Манчестер Јунајтед.

По неговото доаѓање, многу големи ѕвезди одлучија својата кариера да ја продолжат токму во Саудиска Арабија наредното лето.

Навивачите така добија шанса да гледаат големи ѕвезди, а сите очекуваа дека токму Ал Наср ќе биде најсилниот тим бидејќи таму игра Роналдо.

Откако Роналдо пристигна во Ал Наср, овој тим не успеа да освои ниту еден трофеј и е далеку од трката за титулата во домашното првенство во последните две сезони.

Не траеја долго ниту во азиската Лига на шампиони, па навивачите се незадоволни од сè што се случува и не им е доволно само тоа што имаат поранешна ѕвезда на Реал Мадрид во својот тим.

Навивачите на Ал Наср се лути на Роналдо и повеќе не сакаат да го кријат тоа.

„Не те сакаме повеќе во тимот, не доаѓај на следниот натпревар.”

„Замини те молам, Ал Наср веќе не те сака.”

„Многу си направил во своето минато и го знаеме тоа. Имаш историја, да, го знаеме тоа, но ништо не си направил за нас. Напушти го клубот и оди во Португалија.”

Фото: Принтскрин