ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓
Познатиот бразилски борец Вандерлеј Силва доживеа тежок нокаут по борбата против поранешниот боксер Аселино Фреитас.
Нереални сцени се видоа во саботата во Сао Паоло. Во рингот се најдоа две боречки легенди на Бразил. На една страна беше поранешниот WBO и WBA светски шампион Аселино Фреитас, а на другата страна иконата на ММА Вандерлеј Силва.
Сè заврши со целосен хаос. Наместо егзибициона борба, дојде до општа тепачка во рингот.
Жестокиот Силва започна со нелегални удари на што противникот се пожали. Бргу остана без бод по ударот со глава кон ривалот, а потоа беше дисквалификуван, што потоа предизвика незапаметено лудило.
Тимовите на двата борци се најдоа во рингот. Следуваше тепачка каква што не се памети.