Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
Нејмар доби повик од селекторот Доривал Жуниор, но поради повреда ќе мора да се повлече од учество во овие квалификациски натпревари.
„Во изминатите денови, по повикот на 6 март, медицинскиот сектор на бразилската национална селекција, преку доктор Родриго Ласмар, нè информираше за состојбата на сите спортисти, особено на Данило, Нејмар и Едерсон. Наместо нив, повик е упатен до Лукасу Пери од Лион, Алекс Сандру од Фламенго и Ендрик од Реал Мадрид“, пренесе Сојузот селекторовите зборови.
Во претстојниот „прозорец“, Бразилците ги очекуваат два дерби натпревари, дуел со Колумбија во Бразилија, во ноќта помеѓу четврток и петок по наше време, и гостување кај најголемиот ривал Аргентина во Буенос Ајрес, во ноќта помеѓу 25 и 26 март.