Нејмар минува низ тешки моменти. Откако со репрезентацијата на Бразил испадна веќе во осминафиналето на Светското првенство, Нејмар се врати на клупските обврски во Сантос, каде не цветаат рози.
Сантос го очекува борба за опстанок, а во неа ќе бидат без Нејмар кој повторно се повреди.
Станува збор за мускул на десната нога, а целиот период на рехабилитација може да трае до ноември.
Нејмар ги наведува терените во Бразил, кои не се идеални, како причина за неговите повреди.
“Сакам да им честитам на луѓето што го одржуваат теренот. Вчера беше најлошиот терен кој сум го видел досега, полн со дупки. Неверојатно!”, напиша Нејмар на Инстаграм.
















