Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Нејмар се препороди откако се врати во Сантос, а на седум натпревари успеа да постигне три голови и забележи исто толку асистенции.
Тоа беше забележано и од селекторот Доривал Жуниор, кој го повика Нејмар во репрезентацијата на Бразил за квалификациските натпревари за Светското првенство против Колумбија и Аргентина.
Така, најдобриот стрелец во историјата на Бразил (79 голови) се враќа во репрезентацијата по година и пол, а последниот натпревар го одигра на 18 октомври 2023 против Уругвај во квалификациите за Светското првенство. На тој натпревар, Нејмар сериозно го повреди левото колено.
Convocados do Brasil 🇧🇷#brasil #football #viral pic.twitter.com/G3i04HO0C2
— Desporto_20 (@Desporto420) March 6, 2025