Нгану откри што му кажал на Фјури откако го патосира во рингот (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Френсис Нгану се бореше храбро против Тајсон Фјури цели 10 рунди, но на крајот ја загуби битката за титулата за светски шампион во тешка категорија.

Британецот Фјури победи со судиска одлука, но Нгану кажа дека бил „ограбен“ и открива каква порака имал за неговиот ривал откако го патосира.

„На почетокот на борбата ми кажа дека ќе ме научи на добра лекција. Затоа кога го патосирав, играв пред него и му кажав дека е лош професор. За мене изгледаше како јас да го учам што треба да прави во училиште. Јас сум убеден дека ја добив борбата, но знаев дека нема да победам ако не го нокаутирам“, вели Нгану.