Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пишува дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез сака да се засили од Наполи, а изборот паднал на Фабиан Руиз, кој не сака да го продолжи договорот со калчолигашот.
Шпанецот пристигна во Наполи од Бетис во 2018 година за 30 милиони евра, а од тогаш продолжи да се развива во вистинска насока и стана еден од најдобрите во Серија А.
Претходно се поврзуваше со враќање во Шпанија, а се споменуваа екипите на Барселона, Атлетико и Реал, но сега очигледно „кралевите“ се најблиску до неговиот потпис.
„Кралевите“ во моментов им веруваат на Модриќ, Крос и Касемиро, но потребни им се освежувања во средниот ред, па Руиз би можел да се покаже како вистинско засилување за екипата од Мадрид.