Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Ли Карсли објави во четвртокот својот последен список на репрезентацијата на Англија, бидејќи по преостанатите две натпревари во Лигата на нации ја напушта селекторската позиција. Тој успеа да предизвика многу реакции поради списокот, а едно име на истиот го изненади и Пеп Гвардиола.
Карсли ја презеде клупата на Англија по Европското првенство кога беше одлучено дека Герет Саутгејт нема да остане селектор на оваа репрезентација, но не се задржа долго на позицијата селектор.
По само неколку натпревари и самиот Карсли сфати колку е тоа предизвикувачка работа, и порача дека Англија ѝ е потребен експерт од светски калибар и дека тој на тој предизвик едноставно не е дораснат.
Со челниците на ФА договори дека ќе остане до крајот на Лигата на нации, и ќе ја предводи Англија во уште две натпревари, а потоа на неговото место ќе дојде Томас Тухел.
Карсли пред два дена го објави списокот на Англија за натпреварите против Грција и Ирска во преостанатите два кола на Лигата на нации и успеа да направи изненадување.
Едно име на списокот на Англија особено ја изненади тамошната јавност, а се работи за Џек Грилиш.
Овој потег го изненади и Гвардиола, кој на вчерашната прес-конференција порача дека Грилиш само одработил еден тренинг, но дека во одлуките на Карсли нема да се меша.
„Националните тимови секогаш играат во овој период и ми е задоволство кога нашите играчи одат да ги претставуваат своите репрезентации, но кога се подготвени да играат и немаат проблеми со повреди“, рече Гвардиола.
„Грилиш се мачи веќе неколку недели со повреда. Во 17 дена ниту еднаш не тренираше. Денес беше првпат кога одработи само 20 минути тренинг и тоа е вистинската состојба со него. Навистина не ми е јасно зошто таква одлука, но тоа е прашање за селекторот на Англија во што не сакам да се мешам“, додаде тренерот