Ни на небо, ни на земја: Никој не знае што ќе биде со ѕвездата на Милан


Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Милан сака да се ослободи од една своја ѕвезда бидејќи нејзиниот договор истекува на крајот од следната сезона, но засега ситуацијата е, условно кажано, ни на небо, ни на земја.

Калчолигашот ја бара можноста да го продаде Тео Хернандез, кој ќе влезе во последната година од неговиот договор, и така би си заминал бесплатно следното лето.

Французинот ја одби понудата на Ал-Хилал на Симоне Инзаги, а неодамна беше предмет на интерес од Атлетико Мадрид.

Атлетико даде понуда од околу 20 милиони евра, која се состои од фиксна такса од 18 милиони евра и бонуси меѓу два и три милиони евра.

Во Милан ја разгледаа понудата од главниот град на Шпанија, но таа понуда на крајот беше одбиена.

Милан веќе ја испита можноста за доведување на Зинченко, но како што изгледа, нема никакви гаранции во која било насока.

Да потсетиме, Тео Хернандез пристигна во редовите на Милан во јули 2019 година од Реал Мадрид за 22,8 милиони евра.

Фото: Принтскрин