„Ни нудеа 20 милиони евра бонус за титула во ЛШ, но одбивме, зашто знаеме дека нема да ја освојат!“


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Минатото лето често по европските медиуми се шпекулираше за потенцијален трансфер на ѕвездата на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш.

Одличниот фудбалер беше блиску до трансфер во Тотенхем, а интерес покажаа Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.

Тотенхем бил најблиску до неговиот потпис, па испратиле и официјална понуда, но таа била одбиена од Лисабон.

Претседателот на Спортинг, Фредерико Варандас откри зошто ја одбиле понудата.

„Тотенхем ни нудеше 45 милиони евра, плус 20 милиони во бонуси. Еден од бонусите беше да ја освојат Премиерлигата и Лигата на шампиони. Тоа е нешто што никогаш нема да им успее“, порача претседателот.