Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако има многу проблеми со повреди поради кои е надвор од фудбалските терени, сепак Рис Џејмс е еден од најдобрите бекови во Европа.
Во изминатите денови се шпекулираше дека ќе си замине од Лондон, а како негови следни дестинации се споменуваа Реал Мадрид и Манчестер сити.
Англиските медиуми пишуваат дека 23-годишниот фудбалер нема намера да го напушти Челси за кој сонува од дете и желба му е да остане во клубот до крајот на кариерата.
Десниот бек со ова ги освои срцата на навивачите на Челси, а во моментов во премиерлигашот е прв избор пред Мало Густо.