Ни Севиља, ни Барса: Дани Алвес сака назад во Шпанија, веќе се понудил на еден клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алвес веќе 10тина години игра на врвно ниво, а без обзир на тоа што има 36 години својата класа ја потврди и на Копа Америка.

Најтрофејниот фудбалер на сите времиња на крајот од сезоната одлучи да го напушти ПСЖ, а кога ќе заврши Копа Америка ќе избере нов клуб.

Според извештатите од Пиринеите одличниот Бразилец сака да се врати во Шпанија, каде остави длабок траг играјќи за Барселона и Севиља.

Алвес наводно се понудил на Атлетико Мадрид кој на позицијата десен бек има друг приоритет, а тоа е Елселд Хисај од Наполи и Нелсон Семедо од Барселона.

Одличниот бек од Јорганџиите во случај да потпише побарал плата од пет милиони евра.

Алвес во Европа стигна во 2002. година кога од Бахија премина во Севиља. Играше и во Италија (Јувентус) и Франција (ПСЖ).