Ник Кирјос по долга пауза се враќа на Австралијан опен


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Организаторите на Австралија Опен денеска ја објавија листата на учесници, меѓу кои е и домашниот играч Кирјос, кој ќе влезе во ждребот преку заштитен рејтинг, бидејќи во изминатите две години главно беше отсутен поради повреди на коленото и зглобот на раката. 

Тој е еден од шесте тенисери и тенисерки кои преку заштитен рејтинг ќе учествуваат на турнирот.

Кирјос ќе се врати на теренот на турнирот во Бризбејн на 29 декември, откако одигра само еден меч на АТП турнирите по повеќе од две години. Претходно ќе игра на егзибицијата во Абу Даби.