Никој досега не се осмели вака да го понижи Перез: Реал се однесува срамно, ова не е фудбал


Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас синоќа жестоко го нападна првиот човек на Реал Мадрид Флорентино Перез, но и самиот клуб.

По сите случувања во Севиља и бојкотот на сите обврски пред финалето на Копа дел Реј од страна на Реал Мадрид, се огласи претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас.

Тебас, кој по сопствено признание е навивач на Кралевите, се урна врз тимот од Мадрид и претседателот Флорентино Перез. Го нарече насилник кој сака да контролира сè.

Најпрво Тебас удри по Перез со зборовите: “Ова не е фудбал, ова е покажување на моќ.”

“Не му се допаѓа Тебас затоа што не прави што тој сака. Не му се допаѓа Чеферин затоа што не прави што тој сака. Не му се допаѓа Лоузан затоа што не прави што тој сака. Не му се допаѓаат ТВ коментаторите затоа што не зборуваат како што тој сака да чуе.”

Фото: Принтскрин