Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нико Ковач е нов тренер на францускиот Монако. Според француските медиуми, Ковач се согласил за сè и ќе го направи својот прв тренинг денес.
“Ние сме крајно среќни што Нико Ковач доаѓа во клубот. Во новата сезона се отвора ново поглавје за АС Монако, посилни спортски аспирации во согласност со целите на клубот. Оваа насока, како тренер, ќе ја одработи Нико Ковач. Тој е познат по својата работа со млади играчи кои напредуваат под негово водство и со веќе афирмирани играчи “, истакнаа од Монако.
Ковач го имаше својот последен ангажман во Баерн Минхен и беше отпуштен по поразот од 5:1 од Франкфурт.
Ова ќе биде негова шеста независна тренерска работа.
Работеше во Австрија, во младата и сениорска репрезентација на Хрватска.
Монако минатата сезона ја заврши на деветтото место.