Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот Раул Гонзалес доби понуда за прв професионален ангажман во кариерата од Шалке, но реши да ја одбие понудата поради интересна работа.
Раул работи во екипата на Реал Мадрид Кастилја, а пред неколку дена реши да одбие понуда од германскиот бундеслигаш.
Поранешниот фудбалер не сака да работи било каде, туку сака да остане во Мадрид затоа што смета дека ќе го наследи Карло Анчелоти.
„Марка“ објави дека Шалке му испратиле убава понуда, но Раул не сака да замине од шпанскиот гигант затоа што е подготвен да ја чека својата шанса и да седне на кормилото на Реал откако ќе си замине Анчелоти.