До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Чаби Алонсо пристигнува во Џеда со притисок каков што ретко кој почувствувал во првите месеци на клупата на голем клуб. Тренерот на Реал Мадрид знае дека моменталната ситуација не е само тест, ова можеби е неговата последна шанса да ја спаси работата.
Резултатите и играта на „Кралевите“ оваа сезона веќе доведоа до шепотење по ходниците на Сантјаго Бернабеу. Клубот е загрижен, а критичарите не ги кријат сомнежите: Алонсо е на тенок мраз, и каков било грешен чекор во Суперкупот би можел да значи крај на неговиот мандат.
Првиот противник во полуфиналето е стариот ривал Атлетико Мадрид. Тимот кој веќе претходно оваа сезона му ги покажа слабостите на Реал. Победа или пораз во овој меч нема да биде обичен резултат; тоа носи тежина на целата сезона и одлука за иднината на главниот тренер.
Освен спортските предизвици, Реал се бори и со здравствени проблеми на играчите. Повредите и физичката состојба на тимот дополнително ја комплицираат ситуацијата.
Чаби Алонсо е познат по својата смиреност, но нема сомнение дека ќе му биде многу тешко да ги следи случувањата во утрешното полуфинале и знае дека нема да биде лесно да стигне до трофејот, особено бидејќи во финалето може да го чека Барселона, но се тврди дека овој пат нема избор.
Борбата во Саудиска Арабија за трофејот во Суперкупот е за Алонсо истовремено борба за останување на клупата на тимот кој го презеде летоска, а се соочи со многу проблеми.
















