Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид е подготвен да ги продаде Еден Азар и Герет Бејл. Шпанските медиуми пишуваат дека ниту еден фудбалер на гигантот не е недопирлив поради финансиската ситуација.
Реал веќе се ослободи од многу фудбалери, меѓу кои се Серхио Рамос и Рафаел Варан, а следни на ред дојдоа Азар и Бејл.
Азар долго време се поврзува со трансфер од Реал. Повредите го уништија Белгиецот од доаѓањето во тимот во 2019 година.
Бејл во минатото имаше проблеми со повреди, а минатата сезона замина на позајмица во Тотенхем бидејќи Зинедин Зидан не сакаше да му даде шанса.
Новиот тренер Карло Анчелоти кажа дека ги сака Бејл и Азар во неговиот тим, но ако пристигнат добри понуди, тогаш тие ќе бидат продадени.
Азар во дресот на „кралевите“ во претходните две сезони одигра 43 меча и постигна пет голови, а од друга страна Бејл одигра 251 натпревар и даде 105 голови.