Никој не го видел толку лут: Анчелоти ептен се изнервирал поради приказните од Бразил


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Веќе со месеци се шпекулира дека Карло Анчелоти би можел да стане нов селектор на Бразил и сите го чекаат крајот на сезоната за да се случи тоа.

Бразил не се прослави на Светското првенство во Катар, каде што го заврши настапот во четвртфинале, а очекувано Тите реши да ја напушти селекторската позиција.

Шпанските медуми пишуваат дека Анчелоти бил премногу лут затоа што стигнале приказни од Бразил дека има рок да каже дали ќе го води Бразил или не.

„Нема да зборувам за својата иднина, но приказните дека постои рок се глупост. Не постои такво нешто затоа што не сум разговарал за преземање на репрезентацијата на Бразил. Време е да прекинат овие приказни“, кажа Анчелоти.