Никој не го запира: Халанд го урна рекордот на Салах

Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд го урна рекордот за најмногу голови во сезона во Премиерлигата.

Халанд го постигна својот 33. гол сезонава во победата против Арсенал од 4-1, па така го урна рекордот на ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах.

Салах на 38 меча во сезоната 2017/18 постигна дури 32 погодоци, но Халанд оваа сезона го надмина и може да го подобри рекордот затоа што до крајот на сезоната се играат уште седум натпревари.

Норвежанецот е на пат да го урне и апсолутниот рекорд во лигата кој го имаат Енди Кол и Алан Ширер, кои постигнаа по 34 гола во сезоните 1993/94 и 1994/45, но тогаш се играа по 42 меча.