„Никој не може да биде како Федерер!“


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тенискиот експерт Патрик Муратоглу го кажа своето мислење за швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, кој реши да се пензионира на 41-годишна возраст.

Муратоглу кажа дека никој не може да биде како Федерер.

„Нема сомнеж дека Федерер е најдобриот амбасадор на тенисот кој постоел. Сите би сакале да играат како него, но тој е единствен и никој не може да го повтори тоа“, вели Муратоглу.

Тој зборуваше и за 2006 година и настапите на Федерер.

„Ми текнува дека за време на доделување на наградите на Австралијан опен, Федерер почна да плаче. Тоа беше посебен момент. Потоа се сеќавам на две епски финалиња на Вимблдон, едно од нив против Надал, а другото против Ѓоковиќ“, раскажува тој.