Никој не можеше да ги запре: „Балисти“ влегоа на стадионот во Тетово 🎥


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Навивачите на Шкендија ги прекршија протоколите и препораките поради вирусот, па со сила влегоа на стадионот за да ја прослават титулата на својот тим.

На фановите не им е дозволено да бидат дел од спортските настани поради пандемијата, но навивачите на Шкендија и покрај тоа влегоа на стадионот.

Полицијата не реагираше навреме за да спречи такво нешто, а голем дел од навивачите не носеа ниту маски, па поради тоа фудбалерите на Шкупи си заминаа од теренот.

Потоа на сцена стапија фудбалерите на Шкендија, кои ги замолија „Балисти“ да излезат од теренот за да може да го доиграат натпреварот.