Никој не му веруваше дека добил удар, па Гави им го покажа окото (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона во одличен меч на гостински терен го совлада Леванте со 3-2, а победничкиот гол беше постигнат во 92. минута.

Леванте имаше три пенали, а само два искористија домаќините, но тоа не им помогна да освојат барем бод.

Каталонскиот гигант беше ужасен во првото полувреме, по што Чави реши во игра да ги пушти Педри и Гави и сè се промени на теренот.

Посебни пофалби за својот настап доби Гави кој имаше асистенција, додека Педри постигна гол за 2-1.

Исто така, во центар на внимание е ситуацијата од финишот на мечот кога Гави излезе сам пред противничкиот голман и не успеа да погоди, но тогаш еден од противниците го турна и тој со глава удри во голманот, по што го покажа своето око на судијата.