Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
УЕФА направи очаен потег кога му ја додели на Баку организацјиата на финалето во Лига Европа (ЛЕ), кадешто ќе се борат Челси и Арсенал за трофејот.
Арсенал врати 2.300 билети, кои не успеале да ги продадат за финалниот меч во Лига Европа во Баку, а сега УЕФА може да ги продава самата на други навивачи.
Се очекува и навивачите на Челси да не ги купат сите билети, па се очекува околу 6.000 билети да бидат врати заедно.
Многу критики дожвеа УЕФА по одлуката финалето да биде во Баку, посебно откако Арсенал реши на финалниот меч да не го води Хенрик Михитаријан поради политичките односи меѓу Азербејџан и Ерменија.
Капацитетот на стадионот во Баку изнесува околу 70.000 седишта, а се очекува стадионот да не биде исполнет до последното место.