Никој не сака да се бори против Тајсон бидејќи е подготвен да му нанесе тешки повреди на противникот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мајк Тајсон допрва треба да соопшти со кого ќе се бори во неговиот кам-бек меч.

Легендарниот боксер тренира за планираното враќање и се поврзува со многу поранешни ривали, но и со момци со кои никогаш не бил во рингот.

Еден од оние кои очајно сакаат да се борат со Тајсон е поранешниот шампион во УФЦ во лесна категорија Тито Ортиз. Претходно, 45-годишниот борец во ММА објави дека менаџерите на Тајсон го повикале на меч и дека тој се согласил.

„Луѓето кои работат со него ми се јавија и ме прашаа дали ме интересира борба со него. Видов дека тој е во одлична форма, работи со еден од моите поранешни тренери и јас се согласив“, рече Ортиз.

Сепак, после тоа никој не го побарал…

“Се обидов да ги контактирам, но никој не одговори. Јас бев упорен и дојдов во контакт преку еден пријател и реков дека сум заинтересиран. Ми рекоа дека ќе се јават, но сега можам само да чекам”.

Ортиз е подготвен да го победи Тајсон, доколку се најдат еден со друг.

“Не ме сфаќајте погрешно. Мајк е жесток, но тој не се борел долго време. Фокусеерите не ти враќаат. Ако ги користите 30 години може да изгледате добро, но различно е кога некој ќе ти возврати. Многумина се плашат да се борат против него. Јас сум подготвен да се борам, подготвен сум за Тајсон.” рече Ортиз.

Ортиз има 21-12-1 во својата кариера.