Никој не сака да се игра Премиерлигата на неутрален терен!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Извршниот директор на Премиерлигата, Ричард Мастерс откри дека ставот на поголем дел од клубвоите е натпреварите да се играат на нивните стадиони, а не на неутрални терени како што беше предложено од британските власти.

Мастерс кажа дека ниту еден клуб не сака да игра на неутрален терен. Тимовите сакаат да ја продолжат сезоната на традиционалниот начин, со домашни и гостински натпревари.

„Мислам дека сите сакаат да играат на свој стадион. Мислам дека многу клубови се за такво нешто. Тоа е дијалог кој трае и откако Ковид-19 стана проблем разговараме со властите за условите во кои би можеле да продолжиме со Премиерлигата. Не можам ништо да кажам, освен дека сме во контакт со властите“, кажа Мастерс.