Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Серхио Рамос е лидер во екипата на Реал Мадрид и фудбалер без кој шпанскиот шампион на моменти делуваше како просечен европски тим.
„Дејли Мејл“ пишува дека Рамос во соблекувалната се искарал со две големи ѕвезди поради нивниот лош настап. Капитенот на Реал удрил по Иско и Марсело, кои според него не се трудат доволно кога ќе добијат шанса на теренот.
Вербалната пресметка се случила по „Ел Класико“, но шпанските медиуми оваа приказна ја објавија по мечот против Борусија Менхенгладбах во Лигата на шампиони.
Дека нешто не е во ред во соблекувалната на „кралевите“ потврди и фактот дека тренерот Зинедин Зидан во Германија не им даде шанса на двајцата фудбалери, а Реал едвај се спаси од пораз.