Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е познат по неговите изјави и една од нив му се одби во глава, но дефинитивно нема да биде последна.
Перез во текот на кариерата потценуваше многу тренери, фудбалери и клубови. Многумина му се одбиваше тоа од глава затоа што неговата желба за моќ е премногу голема.
Сензација вчера беше забележана и во Мадрид, кога Шериф Тираспол славеше со 2-1 против Реал во второто коло од Лигата на шампиони.
Цела Европа зборува за натпреварот, а изјавата на Перез од април месец вели дека ваквите натпревари на никој не му се интересни.
„Лигата на шампиони е атрактивна само од четвртфинале, никој не е заинтересиран за натпреварите пред тоа“, кажа Перез во април.
Реал најверојатно ќе ја мине групата, но чуда се случуваат и против малите екипи затоа никој не треба да се потцени.