„Никој нема да праша дали Ѓоковиќ е најдобар во историјата ако го освои Ју-Ес Опен“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ цела енергија ќе ја насочи кон одмор пред оследниот гренслем-турнир во сезоната, Ју-Ес Опен.

Најдобриот тенисер во светот има голема шанса да ги освои сите четири гренслем-турнири во една календарска година, а тоа последен пат му успеа на Род Лејвер во 1969 година.

Ѓоковиќ ќе мора да ги заборави поразите од Александар Зверев и Пабло Карено-Буста во Токио и да се насочи со мислите кон Њујорк.

Познатиот тениски експерт, Дарен Кејхил, кој е тренер на Симона Халеп, е убеден дека никој повеќе нема да го постави прашањето дали Ѓоковиќ е најдобар во историјата, доколку го освои Ју-Ес Опен.

„Ако Ѓоковиќ навистина го освои Ју-Ес Опен и така ги комплетира сите гренслем-титули, никој повеќе нема да каже нешто за него“, вели Кејхил.

Турнирот во Њујорк е на програмата од 30 август до 12 септември.