До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Од самиот наслов може да се види колку е доминантен и константен Никола Јокиќ. Навистина неверојатна партија против Портланд Трејл Блејзерс.
Кошаркарите на Денвер Нагетс остварија спектакуларна победа против Портланд Трејл Блејзерс со резултат 137:132 по продолжението, во натпревар што долго ќе се памети.
Јунак на вечерта беше Никола Јокиќ, кој забележа уште еден трипл-дабл учинок со 35 поени, 13 скокови и 13 асистенции. За него тоа беше уште еден ден “во канцеларија”.
Со оваа победа, Денвер стигна до деветтата последователна победа, што е нивната најдобра серија оваа сезона, и се искачија на третото место во Западната конференција.
















