Никола од Делчево – херој кој игра фудбал со една рака!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Никола Марковски е момче за кое дефинитивно треба да дознае целата македонска спортска јавност. Тој докажува дека кога нешто силно се сака, тогаш не се бара никаков изговор.

Никола има деформитет на десната рака од раѓање, но тоа не го спречува да го прави тоа што најмногу го сака, а сега го носи дресот на ФК Брегалница од Делчево, која се натпреварува во третата македонска лига.

Брегалница од Делчево е првопласирана на табелата и има амбиции да се пласира еден ранг погоре, а во тоа им помага Марковски, кој постигна два гола во првиот дел од сезоната.