Николов добива нов предизвик – се сели во Серија А!?


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Бобан Николов би можел да се пресели во Бреша, според италијанските медиуми. Фудбалерот на Мол Види наскоро би можел да почне нов предизвик во кариерата и тоа во редовите на новиот калчолигаш.

Бреша планира да обезбеди опстанок следната сезона во Серија А, кадешто се пласираше по одличниот настап минатата сезона во Серија Б.

Николов имаше фантастична сезона во дресот на унгарскиот тим, па играше и во групната фаза од Лигата на Европа, кадешто се соочи со Челси.

Договорот на македонскиот репрезентативец му завршува во 2021 година со Мол Види, па останува да видиме што ќе се случи со неговата иднина.