Николов: Имав понуди од Кина, но сакав да останам во Европа и се договорив со ФЦСБ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Бобан Николов денеска се пресели во романскиот тим ФЦСБ, откако потпиша договор и се враќа во Романија по седум години.

Николов кажа дека е среќен што добива нов предизвик во кариерата и среќен е што потпишал договор со ФЦСБ.

„Се надевам дека брзо ќе се вклопам и ќе почнам со тренинг. Овој трансфер се случи многу брзо. Имав понуди од Кина, но сакав да останам во Европа и брзо се договорив со ФСЦБ“, вели Николов.

Николов ќе го засили тимот на контроверзниот Џиџи Бекали, но тоа не е проблем за македонскиот фудбалер.

„Имам искуство и знам каде доаѓам. Сакам да го продолжам договорот. Мислам дека ќе влезам во ритам по репрезентативната пауза“, вели Николов.