Николов: Како дете плачев за Реал Мадрид, а сега имав среќа да заиграм на „Бернабеу“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Бобан Николов беше дел од историската победа на Шериф Тираспол против Реал Мадрид од 2-1.

Николов доби шанса на теренот во завршницата од натпреварот и за медиумите откри дека бил изненаден што неговиот тим не предизвикал голема еуфорија во Молдавија со триумфот против „кралевите“.

„Во Тираспол пристигнавме меѓу вторникот и средата, а беше мирно и тивко. Не можев да замислам такво нешто. Во Белград ќе беше вистинска лудница ако Црвена Звезда или Партизан триумфираа против Реал сред Мадрид. Како дете плачев кога губеше Реал Мадрид, но сега конечно имав шанса да заиграм на ‘Бернабеу’. Ова е најголемото изненадување во историјата на Лигата на шампиони“, вели Николов.