Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Бобан Николов зборуваше на прес-конференција пред натпреварот против Романија, кој ќе се одржи утревечер во Букурешт.
Николов вели дека Романија е фаворит, а притоа кажа дека Македонија би се задоволила и со бод на тешкото гостување.
„Романија е фаворит во натпреварот, но ние имаме наш план и мислам дека и бод би ни одговарал на нас“, кажа Николов.
Натпреварот помеѓу Романија и Македонија се игра утревечер во Букурешт од 20.45 часот, а потоа македонските фудбалери ќе се соочат против Лихтенштајн и Германија.