Николов: Треба да му направиме статуа на Пандев!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Бобан Николов се пресели во Италија во редовите на Лече, а сега даде интервју за „Телеком Спорт“ во кое зборуваше за капитенот на репрезентацијата Горан Пандев.

Пандев пред неколку дена ја доби наградата за најдобар спортист во Македонија за 2020 година.

„Пандев јаде многу киви и пие вода. Кога имав 20 години ме зема под негово во националниот тим. За него треба да се направи статуа, не знам дали некој друг наш фудбалер ќе постигне успех како него. Во минатите години секогаш ми зборуваше дека би ги менувал клупските трофеи за успех со репрезентацијата. Сега тоа конечно му се исполни“, вели Николов.

Македонија се пласираше на Европското првенство со голот на Пандев против Грузија во Тбилиси.