Ништо од договорот: Рамос дефинитивно го напушта Реал Мадрид?


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Шпанскиот медиум „Чирингито“ објави дека дефанзивецот Серхио Рамос не успеал да се договори со управата на Реал Мадрид и ќе го напушти шампионот на крајот на сезоната.

Рамос има договор со шпанскиот гигант до крајот на сезоната, а бидејќи не може да пронајде заеднички јазик со претседателот Флорентино Перез, кој не сака да му понуди двегодишен договор, дефанзивецот решил да замине.

Перез му нуди едногодишен договор на Рамос, но дефанзивецот е разочаран од понудата, па среќата ќе си ја бара на друго место.

Шансите да остане на „Сантијаго Бернабеу“ се минимални, а засега заинтересирани за потписот на Рамос се Јувентус, ПСЖ и Манчестер јунајтед, кои ќе водат голема борба за него.