Ништо од Манчестер Јунајтед, Јури Тилеманс и официјално меѓу „лисиците“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


22 годишниот белгиски репрезентативец Јури Тилеманс се врати на „Кинг Пауер“ и потпиша перманентен договор со Лестер.

Англискиот клуб се договори со Монако за трансфер на одличниот фудбалер кој ќе изнесува околу 40 милиони фунти.

Тилеманс импресионираше изминативе шест месеци како член на Лестер каде играше како позајмен фудбалер. Тилеманс постигна три погодоци и запиша четири асистенции на вкупно 13 настапи за „лисиците“.

Лестер прави доста респектабилен тим за следната сезона, па освен Тилеманс досега го претстави и Ајозе Перез и Џејмс Џастин.