Ништо од Нагелсман? Енрике во игра за тренерското столче во Челси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека шпанскиот тренер Луис Енрике е еден од кандидатите за тренерското столче во Челси.

Челси пред неколку дена го отпушти Грем Потер, па во продолжение од сезоната екипата ќе ја предводи Бруно Салтор.

Сепак, газдата Тод Боели бара друго решение на тренерската позиција, а Енрике неодамна кажа дека сака да предводи тим од Премиерлигата.

Енрике во минатото ги тренираше Барселона, Селта и Рома, а меѓу кандидитите за нов тренер се споменуваат Маурицио Покетино, Јулијан Нагелсман, Лучано Спалети и уште неколку тренери.