Ништо од Шешко и Ѓокереш: Арсенал ќе ангажира напаѓач од ривал во Премиер лигата


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Арсенал веќе подолго време бара решение за позицијата центарфор, а сега се појави ново име со кое навивачите нема да бидат нималку задоволни.

Топчиите ја завршија и минатата сезона без трофеј во својата витрина, па нивните навивачи полека губат трпение со своите миленици.

Арсенал е еден од ретките европски гиганти што не играат во ова издание на Светското клупско првенство, па затоа имаат повеќе време за подготовки.

Еден дел од подготовките за наредната сезона е и активноста на трансфер пазарот, а Арсенал ќе биде многу активен ова лето во оваа област.

Една од позициите што Микел Артета и неговиот стручен штаб ја сметаат за дефицитарна во тимот е позицијата на самиот врв во нападот – позицијата центарфор.

Арсенал покажа интерес за многу центарфори, а најмногу се зборуваше за Бенџамин Шешко и Виктор Ѓокереш.

Во последно време приказната за овие двајца напаѓачи е сè потивка, а сега почнаа да се појавуваат и нови опции за Топчиите на оваа позиција.

Според англискиот новинар Данкан Каслс, Арсенал е заинтересиран за услугите на напаѓачот на Челси – Николас Џексон.

Фото: Принтскрин