Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Борбата меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол нема да се одржи на 20 јули поради здравствени проблеми со кои се соочил легендарниот боксер.
Новиот датум за бокс-мечот меѓу Тајсон и Пол треба да биде соопштен на 7 јуни.
„Ви благодарам за поддршката. Жал ми е што мора да ја одложиме битката, но имам воспаление на чир и докторите ме советуваа да одморам. Не би можел да се подготвам за борба до 20 јули“, кажа Тајсон.
Борбата најпрво беше најавена како егзибициска, но потоа борците се договорија да биде официјална.