Ништо од трансферот на СМС: Лацио му подготвува нов договор на Србинот


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Управата на Лацио му подготвува нов договор на српскиот репрезентативец Серге Милинковиќ – Савиќ.

Во текот на цело лето се шпекулираше дека српскиот фудбалер би можел да ја продолжи кариерата во друг европски гигант, а за него интерес покажаа Интер, Милан, Јувентус и Манчестер јунајтед.

Од управата на италијанскиот клуб пристигнуваа информации дека никој нема да му застане на патот на Србинот, но тој потоа кажа дека не добил никаква понуда.

Италијанските медиуми сега објавија дека претседателот Клаудио Лотито е подготвен да му даде нов договор на Србинот.

Договорот на 24-годишниот фудбалер со Лацио трае до 2023 година, па останува да видиме до кога ќе потпише нова соработка.