„Ниту 1.000 неверојатни понуди нема да ја сменат одлуката на Икарди“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди е решен во намерата да ја продолжи кариерата во Интер, а тоа го откри неговата сопруга и менаџерка Ванда Нара.

Напаѓачот ќе биде во втор план кај тренерот Антонио Конте, кој ќе му даде предност на Ромелу Лукаку, но и покрај тоа Аргентинецот ќе се бори за место во екипата.

„Одбивме неколку понуди. Сите беа од почетокот на преодниот рок. На крајот, мислам дека ќе остане. Тоа е негова одлука и мислам дека така ќе остане, дури и да пристигнат уште 1.000 понуди. Икарди смета дека не завршил со Интер. Имаше понуди кои никој друг не би ги одбил, но Икарди реши да остане во Милано“, откри Ванда.